Неограничен пристап до луксузниот Magnesium Wellness & Spa центар;
Неограничено користење на фитнес клуб;
Неограничен пристап до детски клуб со секојдневна професионална анимација за деца;
10.04 Работилница „Боење велигденски јајца“ – фарбање, осликување и украсување велигденски јајца на Велики Петок (Сала „Црни бор“ 18:00–19:00 часот); 10.04 Детски face painting – децата имаат можност за осликување на лице со мотиви од нивните омилени ликови, со безбедни и квалитетни бои (Игрална 20:30–21:30 часот);
11.04 Анимација и тимски игри за деца – забавна анимација во затворен простор со музички кореографии, игри со падобран, друштвени игри како твист и полигон со препреки, со развивање на тимски дух, координација и креативност (Сала „Златни бор“ 17:00–18:00 часот);
12.04 Традиционален велигденски ручек со избран асортиман на пијалаци (Ресторан „Ruj“ 14:00–16:00 часот);
12.04 Посета на велигденското зајаче за време на ручекот (Ресторан „Ruj“ 14:00–16:00 часот);
12.04 Работилница „Потрага по велигденски јајца“ – едукативна игра што развива креативно размислување и ги запознава децата со велигденските обичаи, со забавно натпреварување во кршење јајца (Сала „Црни бор“ 16:00–17:00 часот);